На 16 јуни 2025 година, делегација на Српската академија на науките и уметностите во состав акад. Зоран Кнежевиќ, претседател, акад. Небојша Лалиќ, генерален секретар, акад. Стеван Пилиповиќ, претседател на огранокот на САНУ во Нови Сад, акад. Влада Вељковиќ, претседател на огранокот на САНУ во Ниш, акад. Владимир Костиќ, поранешен претседател на САНУ и д-р Бојан Бугарчиќ, управник со работењето на САНУ, по покана на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, беа во официјална посета на МАНУ, каде што се одржаа разговори на раководствата на двете академии. На средбата учествуваа и: акад. Витомир Митевски, потпретседател, акад. Алајдин Абази, потпретседател, доп. член Блажо Боев, секретар и акад. Александар Димовски, члена на Претседателството на МАНУ.
Целта на посетата беше да продолжувањето на научната и уметничката соработка помеѓу двете Академии, конкретизирање на проектната соработка и усогласување на текстот на новиот Договор за соработка.
Во рамките на посетата, беше одржано пристапно предавање на акад. Владимир Костиќ, член на МАНУ надвор од работниот состав, на тема „40 години истражувања на дистонијата“.
Фотографии од настанот: