Македонската академија на науките и уметностите со жалење ја известува јавноста дека на 20 ноември 2022 година, во 86-тата година од животот, почина акад. Радомир Ивановиќ, член на МАНУ надвор од работниот состав.
Радомир Ивановиќ е роден на 28 август 1936 г. во с. Смоница (СР Србија). Во 1960 година ги завршил студиите на Филозофскиот факултет во Нови Сад — група југословенска литература и јужно- словенеки јазици. Докторската дисертација на тема „Милутин Ускоковиќ и неговото време“ ја одбранил во 1965 г. на Филолошкиот факултет во Белград. Од 1960 до 1971 година работел како асистент, доцент и вонреден професор на Филозофскиот факултет во Приштина. Од 1971 до 1975 г. се наоѓал на должноста советник на Републичкиот секретаријат за образование, наука и култура на СР Србија. Од 1975 година се до денес работи како редовен профеоор на Филозофскиот факултет во Нови Сад, каде што предава историја на книжевностите на југословенските народи во XIX и XX век.
Проф. д-р Радомир Ивановиќ е извонредно активен и продуктивен научен работник. Има објавено неколку стотини научни и стручни трудови во југословенски и странски списанија, меѓу кои повеќе одделни книги. Областите со кои се занимава се книжевната и театарската историја, теоријата на литературата, како и книжевната и театарската критика. Истовремено компаративно ги проучува југословенските литератури, особепо од современиот период. Бројни се неговите научни трудови посветени на македонската литература. Повеќе од неговите објавени книги се издадени и во Македонија, што секако придонесува за одгласот на неговите дела во нашата средина.
Со македонските теми проф. д-р Р. Ивановиќ учествува и на разни југословенски и меѓународни научни собири, неуморно организира средби со македонски писатели и промоции на македонски книги, со што во големи размери придонесува за популаризација на македонската литература. Освен тоа, проф. д-р Ивановиќ одлично го владее македонскиот јазик. Неговата обемна научна активност наоѓа видлив интерес кај компетентната критика и во пошироката културна јавност. Тој е носител на неколку награди.
Проф. д-р Радомир Ивановиќ е избран за член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав на 7 мај 1991 година.