++389 (0)2 32 35 400
Истражувачкиот центар за ареална лингвистика (ИЦАЛ) е основан на 28 септември 2000 година, а од 2011 година е преименуван во ИЦАЛ „Божидар Видоевски”.
Центарот се занимава со истражување на улогата на факторот простор во животот и еволуцијата на јазикот. Мултикултурната и мултилингвалната балканска средина претставува идеална база за истражувања од областа на ареалната лингвистика, т.е. за развивање на теоријата на меѓујазичните контакти и за изучување на механизмите на јазичната интерференција.
Во Центарот се работи врз следниве проекти:
1. Меѓународни лингвистички атласи, т.е. 1.1. Општословенски лингвистички атлас (ОЛА), 1.2. Европски лингвистички атлас (ЕЛА), и 1.3. Мал балкански дијалектен атлас. ОЛА е меѓународен, мултилатерален проекткоординиран од Меѓународниот комитет на славистите. Целта е да се претстави типолошка диференцијација на словенските говори и патиштата на таа диференцијација. ЕЛА, според меѓународниот наслов Atlas Linuarum Europae (ALE), претставува картографска проекција на лексиката, во перспектива и на граматичката структура на сите јазици на Европа независно од нивното потекло и правниот статус. Ексцерпцијата се спроведува според парцијални прашалници. Лексичкиот дел на ЕЛА носи пред сè информација за културните наслојки во европската омонимија. Малиот балкански дијалектен атлас претставува прва проба картографски да се претстави диференцијацијата на јазици-припадници на т.н. Балкански лингвистички сојуз.
2. Местото на македонскиот јазик во словенскиот и во балканскиот јазичен свет. Работата врз проектот започна во 2001 год. Целта на проектот е да се утврди географијата на морфосинтаксичките модели карактеристични за членовите на Балканскиот јазичен сојуз и да се определи нивниот статус во функционалната (прагматичка, семантичка) структура на соодветните јазични кодови (стандардни и дијалектни). Појдовна точка на анализата е ситуацијата во македонскиот јазик. Проектот се работи во рамките на теоријата „смьсл > текст”. Предмет на анализата се формите на реализацијата на одделни категоријални значења во балканските и словенските јазици. Словенските паралели служат како репер во оцената што во структурата на балканските словенски јазици е ,,балканско”.
Во Центарот се подготвува Библиографија на македонскиот јазик како континуација на работата иницирана од Б. Видоески во неговиот Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик, Скопје 1953. Истовремено се подготвува македонски дел за славистичка библиографија објавувана во Полска и лингвистичка библиографија објавувана во Холандија.
Во Центарот се работи врз електронскиот звучен и текстуален корпус на македонскиот стандарден и дијалектен јазик. Работата врз текстуалниот електронски корпус на македонскиот стандарден јазик за почна од потребата да се создаде база за ексцерпција на проектот по светен на анализата на морфосинтаксичките балканизми.
Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочита на веб-страницата: ical.manu.edu.mk
- XVI Меѓународен конгрес на славистите
Реферати од тематскиот блок 1.10: Семантичка деривација