++389 (0)2 32 35 400
Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии е основан во 2014 година. Како дел од Македонската академија, улогата на Центарот е да иницира и да координира истражувања во научните дисциплини поврзани со информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) заради подобрување на научните, општествените и економските услови и потреби во Република Македонија и пошироко. Центарот е место во кое се реализираат активности од различни научни дисциплини, вклучувајќи ги природните, техничките, општествените и медицинските науки. Основна задача на Центарот е да промовира напредок во човековото знаење со развој и примена на компјутерските науки и информатички технологии. Сегашните истражувања во Центарот опфаќаат научноистражувачки проекти финансирани од неколку фондови:
- FP7 и Horizon 2020 (Европска Унија),
- DFG (Германија), ONR и NIH (САД).
Основните полиња на истражување вклучуваат фундаментални истражувања во динамички системи, пресметковна биологија и машинско учење, и применети истражувања во енергетиката и во анализа на податоци од економијата и медицината. Центарот активно соработува со бројни научни институции во земјата и надвор од неа. Соработката со овие институции вклучува соработка на заеднички на учноистражувачки проекти, специјализација и обука на научни кадри, поканети предавачи, како и размена на литература. Во работата на Центарот се ангажирани: едно лице во редовен работен однос, шест лица се привремено вработени преку Авторска агенција и десет волонтери.
Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочитаат на веб-страницата: csit.manu.edu.mk