++389 (0)2 32 35 400
„Цветан Грозданов“
Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ е основан во 2014 година. Основна цел на Центарот е унапредување на научните сознанија во доменот на историјата на уметноста и археологијата, посебно средновековната уметност и уметноста на доцниот среден век и времето на преродбата, како и уметноста и матeријалната култура во антиката на тлото на Македонија. Резулта тите од истражувачките проекти се објавуваaт во научни монографии, како и во Годишникот на Центарот MONUMENTA.
Во текот на изминатите две години во Центарот се реализирани повеќе научноистражувачки проекти: Живописот на Св.Богородица Перивлепта (Св. Климент) и уметноста на Охридската архиепископија во XIII–XIV; Верувањата преку сликата во камен во античко време во Македонија – корпус на споменици. Проекти во рамките на меѓупроектната соработка со БАН: Дебарска и Самоковска зографска школа; Од паганство до христијанство.
Во тек се проектите: Скулптура и декоративна камена пластика во античко време во Македонија и Портрети на свети Јован Владимир во балканската уметност од XVII до XX век.
Во изминатите две години, како резултат на научноистражувачката работа во Центарот се објавени по веќе од десетина научни трудови, од кои повеќето во меѓународни научни списанија. Резултатите од научната работа се презентирани на меѓународни и национални научни собири.
Покрај истражувањето на кул турното наследство, една од основните цели на Центарот е да ги иницира и координира националните истражувачки програми во соработка со институции од Република Македонија. Центарот остварува постојана научна комуникација и соработка со научни центри и институти од регионот и од светот, вклучувајќи за еднички научноистражувачки проeкти, како и размена на литература.
Во работата на Центарот се ангажирани еден научен соработник и еден научен советник.
Повеќе информации за работата на Центарот може да се прочита на веб-страната: Линк