++389 (0)2 32 35 400
Истражувачкиот центар за животна средина и материјали е основан во 2014 година и замислен е како фокусна точка која ги координира истражувачките активности во Македонија кои се одвиваат во областа на животната средина и материјалите. Главната цел на Центарот е да обезбеди поддршка и координација на истражувачките капацитети достапни во земјата, како и да го максимира расположливиот истражувачки потенцијал. Центарот работи на изготвување на база на податоци за достапна истражувачка опрема и истражувачи, а исто така организира научни манифестации и обезбедува логистичка поддршка за вмрежување и соработка со национални и со меѓународни спонзори. Во Центарот има вработени научни соработници, но во него членуваат и соработници од Академијата и надвор од неа, а одржува и активна мрежа на истражувачи и институции со кои соработува.
Во текот на првата деценија од неговото формирање, членовите на Центарот учествуваа во голем број фундаментални и применети истражувачки проекти за животна средина и материјали кои опфаќаат истражувачки теми за одржлива енергија, актуелни еколошки прашања и биолошки студии кои се од локално значење за Македонија. Покрај активното истражување, членовите на Центарот придонесуваат и за обука на млади истражувачи, академска размена на факултети, истражувачи и студенти, како и организирање семинари, конференции и предавања.
За дополнителни информации во врска со Центарот, кликнете овде.