Untitled logo

На 20 декември 2017 година, Неговата екселенција амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, г. Самуел Жбогар, ја посети Македонската академија на науките и уметностите. На средбата присуствуваа претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, потпретседателите акад. Луан Старова и акад. Владо Матевски, научниот секретар акад. Леонид Грчев и академиците Владо Камбовски и Гоце Петрески. На средбата, претседателот Фити го запозна амбасадорот Жбогар со активностите на МАНУ поврзани со процесот на интеграцијата на Република Македонија во ЕУ – работата на Советот на МАНУ за евроинтеграција, партиципацијата на МАНУ во спроведувањето на клучните реформи кои треба да ја приближат Република Македонија кон ЕУ, соработката на МАНУ со академиите од регионот и придонесот на Академијата за унапредувањето на добрососедските односи, учеството на МАНУ во реализацијата на научни проекти финансирани од европските претпристапни фондови и сл. Амбасадорот Жбогар потенцираше дека следните шест месеци се клучни за успехот на евроатлантските интеграциски процеси на земјата и покажа посебен интерес за мислењата на академиците за динамиката на реформите и за изгледите за нивно успешно имплементирање. На средбата стана збор и за односите на нашата земја со Република Грција, за потребата од нивно понатамошно унапредување и за перспективите за решавање на проблемот со името. Амбасадорот Жбогар и претседателот на МАНУ, Фити, ја оценија средбата како вонредно корисна и изразија подготвеност за почести заемни средби и заемно информирање за клучни прашања од областа на евроинтеграцискиот процес.

Фотографии од настанот:

 

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук