Во рамките на научната соработка и соработката во областа на уметничкото творештво меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, во Сараево, во Националната уметничка галерија на БиХ, на 24 октомври, беше отворена изложбата Членови на МАНУ – ликовни уметници. Во Галеријата се изложени делата на 17 врвни ликовни уметници, членови на МАНУ: Никола Мартиноски, Димче Коцо, Димо Тодоровски, Јордан Грабуловски – Грабул, Томе Серафимовски, Димитар Кондовски, Васко Ташковски, Боро Митриќески, Младен Србиновиќ, Киро Урдин, Петар Хаџи – Бошков, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Владимир Величковиќ, Георги Константиновски и Омер Калеши. Изложбата ја отворија претседателите на двете академии, Таки Фити и Милош Трифковиќ, а свое обраќање имаше и Газанфер Бајрам. Изложбата предизвика голем интерес меѓу љубителите на ликовната уметност во Сараево. Изложбата ќе биде поставена до 4 ноември 2019 година.

Фотографии од настанот:

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk