На 7 мај 2018 година во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше г. Рајнхард Прибе, висок претставник на ЕК и претседавач на Сениорскиот тим експерти на ЕК. Пред членовите на Претседателството на МАНУ, поранешни претседатели на МАНУ и членовите на Комисијата на МАНУ за меѓународна соработка, тој говореше за Планот за итни реформски приоритети, како составен дел на Програмата за работа на Владата на Република Македонија. Акцентот на дискусијата беше врз реформите во судскиот систем на земјата, јавната администрација и квалитетот и ефикасноста на институциите.

Фотографии од настанот:

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk