На 20 јуни 2018 година, во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда по медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.

Во МАНУ се задржа во разговор со членовите на Одделението за медицински науки на МАНУ и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ИЦГИБ) „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ.

На разговорите, раководителот на ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“, проф. д-р Александар Димовски подетално информираше за работата на Центарот, за тековните научни проекти и соработката со проминентни меѓународни институции од оваа област. Во текот на престојот, нобеловецот Ферид Мурад ја посети лабораторијата на  ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“.

Фотографија од настанот:

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk