На 3 мај 2018 година во Македонската академија на науките и уметностите беше одржана пригодна свеченост по повод предавањето на донацијата на делото од Хосе Целестино Мутис (José Celestino Mutis) – Флората на Кралската ботаничка експедиција на новото Царство на Гранада (FLORA DE LA REAL EXPEDICIÓN BOTANICA DEL NUEVO REINO DE GRANADA), од страна на Амбасадата на Шпанија во Република Македонија. Во присуство на членови на претседателството на МАНУ и гости од Амбасадата на Шпанија во Република Македонија, донацијата од одделот за култура и наука на Шпанската агенција за меѓународна соработка ја предаде  амбасадорот на Шпанија во Република Македонија, неговата екселенција Emilio Lorenzo Serra. При тоа беа одржани поздравни обраќања од претседателот на МАНУ – академик Таки Фити и амбасадорот на Шпанија Emilio Lorenzo Serra, додека за делото на  Хосе Целестино Мутис свое обраќање имаше потпретседателот на МАНУ, академик Владо Матевски.

Донацијата се состои од 25 книги во кои се опфатени различни ботанички групи (алги, лишаи, мовови, папрати, голосемени и скриеносемени растенија), претставени во уникатна иконографија. Тие се резултат на една голема Ботаничката експедиција реализирана од крајот на XVIII-от и почетокот на XIX-век во Јужна Америка, предводена од страна на шпанскиот истражувач – Хосе Целестино Мутис на новото Кралство на Гранада (денешна Колумбија).

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук