Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) заедно со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, по донесената одлука на Претседателството на МАНУ, на 1 и 2 ноември 2018 година, организираше научна конференција на тема „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“ Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) заедно со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали, по донесената одлука на Претседателството на МАНУ, на 1 и 2 ноември 2018 година, организираше научна конференција на тема „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“  Основната идеја на оваа конференција беше да се расправа за овој многу актуелен и загрижувачки проблем со аерозагадувањето, но и за останатите видови загадување во градовите во Република Македонија (на почвите, водите, индустриското загадување, отпадот и сл.), за причините што го предизвикуваат тоа, за последиците врз здравјето на луѓето и за можните решенија за нивно надминување.  На конференцијата беа поканети членови на МАНУ, професори, научни работници, вработени во надлежните министерства, локалната самоуправа, индустријата, невладиниот сектор и други учесници, кои се занимаваат со различни аспекти на оваа проблематика, а кои со свои реферати учествуваа на конференцијата и ги презентираа своите најнови податоци, сознанија и предлози. На конференцијата беа презентирани 37 наслови на презентации (од 99 автори и коавтори). Научниот одбор на конференцијата ги систематизира резултатите од конференцијата, така што заклучоците и предложените мерки за надминување на состојбите што се однесуваат за различните видови загадување ги доставува до Владата на Република Македонија, надлежните министерства, локалната самоуправа и до јавноста во Република Македонија.

Заклучоците, предлозите и мерките од конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“ може да ги погледнете: ТУКА

 

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk