На 11 април 2019 година, во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше делегација на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина (АНУБиХ), предводена од претседателот на Академијата, акад. Милош Трифковиќ. Целта на посетата беше свеченото отворањето на изложбата „Членови на Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина – ликовни уметници“  во Ликовниот салон на МАНУ.

На разговорите со раководството на МАНУ, предводено од претседателот на МАНУ, акад. Таки  Фити, како и со членовите на МАНУ од Одделението за уметност, беше нагласено дека реализацијата на изложбата треба да претставува почеток на интензивирање на соработката меѓу двете академии. Таа соработка во наредниот период треба да продолжи со конкретна проектна соработка, во реализација на неколку заеднички проекти од заеднички интерес. Претседателот Таки Фити ја запозна делегацијата на АНУБиХ со воспоставената проектна соработка на МАНУ со останатите академии, особено со БАН и САНУ, која може да претставува модел за соработка и со АНУБиХ, како основа за заедничко аплицирање на заеднички проекти пред европските фондови.

Изложбата на АНУБиХ во Ликовниот салон на МАНУ беше отворена на 11 април 2019 година, во 20 часот. Пригодни обраќања имаа претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити, претседателот на АНУБиХ, акад. Милош Трифковиќ, секретарот на Одделението за уметност на МАНУ, акад. Газанфер Бајрам, и Страјо Крсмановиќ, директор на Националната галерија на Босна и Херцеговина. На крајот, Ивана Димов-Џолева од МАНУ го прочита обраќањето на Петар Перица Видиќ, член на Одделението за уметност на АНУБиХ. Изложбата ќе биде отворена во периодот од 11 до 22 април 2019 година.

Во октомври 2019 година, АНУБиХ ќе биде домаќин на возвратна изложба на академиците уметници од МАНУ во Сараево.

Фотографии од настанот:

Постер за изложбата

Текст за изложбата

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук