На 17 април 2019 година во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше проф. Јуми Накаџима, истакнат јапонски славист и македонист, добитник на медалот „Блаже Конески“ за 2018 г., што го доделува МАНУ.

Проф. Накаџима беше примена од акад. Луан Старова, потпретседател на МАНУ, кој свечено и го додели медалот „Блаже Конески“, во присуство на членови на МАНУ, амбасадорката на Јапонија во С. Македонија, госпоѓа Кеико Ханеда и други гости. Акад. Старова ја истакна посветеноста на проф. Јуми Накаџима за афирмација на македонистиката во Јапонија и воопшто во светот, со што таа заслужено е носител на медалот „Блаже Конески“што го доделува МАНУ.

Во своето обраќање, проф. Накаџима изрази благодарност за вниманието што и е укажано, особено што признанието го носи името на големиот македонист акад. Блаже Конески, со кого таа имала чест да соработува.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук