Во рамките на манифестацијата Научна и уметничка визита 2019, во Куќата на Уранија во Охрид, од 27 до 29 јуни 2019 се одржа Лингвистичката работилница на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ. На лингвистичката работилница се разгледуваа методите на обработка на дијалектните атласи, теоретските и методолошките поставки на дија¬лекто-лошките истражувања, современата состојба на македонските дијалекти, а се дискутираше и околу концепцијата за изработка на дескриптивна граматика на македонскиот јазик. Со свои презентации учествуваа: акад. Зузана Тополињска, доп. член Марјан Марковиќ, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска и м-р Давор Јанкулоски од Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“; проф. д-р Веселинка Лаброска, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева и проф. д-р Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“; проф. д-р Станислава-Сташа Тофоска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и проф. д-р Елена Петроска од Државен Универзитет Монтана, Билингс.

Фотографии од настанот:

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук