Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, на 28 и 29 октомври 2016 година во МАНУ се одржа Меѓународниот научен собир „Милениумското зрачење на св. Климент Охридски“. На 28 октомври, се одржа Првата работна сесија на тема: Книжевност, јазик и литература, а на 29 октомври се одржа Втората работна сесија на тема: Историја, теологија,  археологија и историја на уметноста“. На Научниот собир зедоа учество голем број научни работници од  Република Македонија, како и еминентни научници од Руската Федерација, Чешка Република, Словачка Република, Украина, Република Литванија и Република Бугарија.

За Научниот собир се пријавија и свои апстракти доставија 45 учесници кои  влегоа и во програмата на собирот, од кои 11 се учесници од странство а останатите од Македонија. Предложените теми и пристигнатите апстракти   се отпечатија во посебна книга на апстракти. Работата на Научниот собир се одвиваше во секции: Книжевност, јазик и литература, Историја, Теологија, Археологија и истоижрија на уметноста.

Научниот собир со пригодни обраќање го поздравија акад. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, а поздравното обраќање на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, беше прочитано пред присутните.Работниот дел од Научниот собир започна со презентирање на пленарните реферати на: акад. Георги Старделов  На почетокот би зборот; акад. Блаже Ристовски  Името на јазикот и писмото на св. Климент и етнонимот на Словените; акад. Цветан Грозданов  Нови сознанија за Светиклиментовиот манастир на Плаошник.

Натамошниот дел од  Научниот собир  продолжи според предвидената програма во неолку секции: Книжевност, јазик и литература , прва сесија: акад. Ѓорги Поп-Атанасов Св. Климент Охридски, “Moravia Magna и Slavia orthodoxa”;  (Прага, Чешка Република) Климентовите традиции во јазикот на текстовите од македонска редакција; Емилија Црвенковска За една можна реконструкција на „корпусот на Климент“;Сергеюс Ю. Темчинас (Виьлнюс, Lietuvos Respublika) Писал ли св. Климент Охридский общие службы; Роман Кривко (Москва, Российская Федерация) Региональная вариативность в древнем церковнославянском языке: юго-западнобалканский ареал; Мария Йовчева (София, Република Бугария) Архаични черти и иновации в езика на октоиховите канони на св. Климент Охридски; Вікторія Володимирівна Горԑва (Київ, Україна)

Украинские ученые  и украиноведческие вопросы на первом международном съезде славянских филологов (Прага, 1929 г.). Во втора сесија настапија: Вера Стојчевска-Антиќ Охридскиот книжевен центар на ракописното наследство; Димитар Пандев Книжевното дело на свети Климент Охридски во контекст на новите книжевни јазици и литератури; Добрила Миловска Археографски преглед на преписите на Пространото житие на св. Кирил Филозоф; Красимира Илиевска Во слава на учителите; Илија Велев Химнографските состави за св. Климент Охридски во богослужбената и во книжевната традиција; Лилјана Макаријоска Аргиговиот триод и неговото место меѓу ракописите од Охридската книжевна школа; Маја Јакимовска-Тошиќ Климентовите книжевни состави посветени на првоучителите светите Кирил и Методиј; Валентина Миронска-Христовска Климентовата традиција во македонскиот XIX век.

Во секцијата историја учествуваа: Александар Атанасовски Свети Климент Охридски и европската димензија на неговото дело; Јован Белчовски За местоположбата на Светиклиментовата епархија; Peter Ivanič и Martin Hetényi (Nitra, Slovenská republika) St. Clement of Ohrid in the context of modern Slovak and Czech historiography; Бобан Петровски Светиклиментовата словенска епископија v.s. т.н. Преславска цивилизација; Тони Филиповски 27 јули (9 август) 916 г.: датум на упокојување или погребување на св. Климент Охридски; Martin Husár и MartinaŠkutová (Nitra, Slovenská republika) Greek communities in Rome and the Cyrillo-Methodius Mission; Митко Б. Панов Св. Климент Охридски во делата на Теофилакт и Хоматијан: историска реконструкција и контекстуализација на византиската идеологија; Стојко Стојков (Благоевград, Република Бугария)

Свети Климент: епископ словѣ ньски/επισκόπου Βουλγαρίας; Стојан Ристески По патот на апостол Павле: каде дошол свети Климент во Кутмичевица?; Драган Ѓалевски Некои забелешки за дејноста на св. Климент Охридски во Македонија; Драган Зајковски Житијата на св. Климент како историски извори: нов поглед кон еден стар проблем; Ели Луческа Во потрага по моштите на св. Климент ОхридскиМихаило Георгиевски Македонските кодики како огледало на христијанското дарителство, со посебен осврт на струшката кодика, т.е. летописната книга на црквата Св. Ѓорѓи во Струга од 1835–1913 г.; Васил ЃорѓиевЛикин Св. Климент Охридски и кирилометодиевската традиција на почвата на Струмица и Струмичко – проникнување и континуитет.

Во секцијата за теологија учествуваа: Ратомир Грозданоски

Библиското име на свети Климент Охридски; Ѓоко Ѓорѓевски Библиското гледиште за правдата и праведноста во делата на св. Климент Охридски; Ацо Гиревски Омлитичко-практични белешки во однос на поуките, похвалите и словата на свети Климент Охридски; Виктор НедескиИсториската и богословската основа за страдањето на св. Климент Охридски и неговите сотрудници во Моравија.

Во секцијата за археологија и историја на уметноста учествуваа: Елица Манева Рефлексии на просветителската мисија на св. Климент во Скопско; Бранислав Ристески Делото на св. Климент Охридски и монашката населба од доцниот IX и почетокот на X до средината на XV век на локалитетот Св. Преображение кај селото Зрзе;Љубинка Џидрова Времето на македонските просветители низ археолошките и историските податоци; Игор Галевски и Антонио Јакимовски Глаголички букви врежани на средновековни грниња од Скупи; Аксиния Джурова (София, Република Бугария) Към въпроса за иконографията на св. Климент Охридски; Ралица Русева (София, Република Бугария)  Присъствието на св. Климент в сцената Успение на св. Наум; Сашо Цветковски Портретите на св. Климент Охридски во делата на дебарско-мијачките зографи; Елизабета Касапова Доградбите на Светиклиментовата црква на Плаошник како одговор на современите текови во доцновизантиската архитектура; Ангелина Поповска Конзерваторски согледувања за една малку позната икона на св. Климент од Охридската збирка.

Фотографии од настанот:

 

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

Фејсбук