Воочи јубилиејот од 25 годишнината од прогласувањето на независноста на Република Македонија, на 7 септември 2016 година, со почеток во 10:00 часот, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите се одржа научната конфереција на тема: Меѓународните договори од XIX до XХI век и евроатлантските интеграции на Македонија. Конференцијата беше организирана од Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, во соработка со Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи, Институтот за национална историја и Институтот за духовно наследство на Албанците со главна цел во чест на 25 годишнината од независноста на Република Македонија да се даде научен и аналитички осврт на историскиот и правно-политичкиот субјективитет на Македонија во меѓународните договори во контекст на евроатланските интеграции на Република Македонија.

Конференцијата беше отворена со поздравните обраќања на Академик Таки Фити, Претседател на МАНУ и г-н Арбер Адеми, Вицепремиер за европски прашања во Владата на Република Македонија, додека, со свои воведни обраќања се обратија и раководителите на установите-организатори на конференцијата, Академик Владо Камбовски, претседател на Центарот за стратегиски истражувања-МАНУ, Н.Е. г-н Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика-МНР, доп. член Драги Ѓорѓиев директор на Институтот за национална историја и Скендер Асани, директор на Институтот за духовно наследство на Албанците.

Работниот дел на конференцијата беше поделен во две панел дискусии организирани според историските раздобја на периодите во кои Македонија фигурирала како објект во меѓународните договори и со свој личен меѓународноправен субјективитиет, што недвосмислено го трасирал патот кон државноста на Македонија. Под модераторство на Проф. Д-р Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја, во првиот панел насловен како „Македонија во меѓународните договори од XIX век до Втората светска војна “ со свои изагања се обратија Проф. Д-р Марјан Димитријевски Историска генеза на интересот на големите сили кон Македонија во првата половина на 20 век; Сефер Тахири Патот на Македонија како држава до Охридскиот договор, документ со меѓународна поддршка, а поради оправдани причини од панелот отсуствуваше Проф Д-р Мелина Гризо Надворешната политика на Франција и македонското прашање по Првата светска војна, по што се отвори широка дискусија во која со свои мислења се обратија Д-р Љубомир Гајдов и амбасадор Благој Зашов. Во вториот панел насловен „Македонија и меѓународните договори од АСНОМ до денес“ под модераторство на акад. Владо Камбовски со свои реферати настапија: акад. Владо Камбовски Република Македонија како субјект на меѓународното право и меѓународните договори (1945-2016); Проф. Д-р Владимир Ортаковски Република Македонија во ОН и Привремената спогодба од 1995 година со Грција; Проф. Д-р Илбер Села Македонија и меѓународните договори после Втората светска војна до денес. На крајот на работниот дел се отвори дискусија на која свои ставови и прашања поставија повеќемина присутни.

Конференцијата беше затворена со претставување на осум заклучоци кои се осврнуваат на  значењето на независноста на Република Македонија како субјект на меѓународното право и договори, нејзиниот историски развој и аспектите од досега постигнатото на Република Македонија како самостојна држава  и рамноправен субјект во доменот на меѓународните односи и  договори со можностите кои се отвораат за развојот и напредокот во иднина. Сите изалагања од конференцијата ќе бидат објавени во печатено издание на МАНУ.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ

Фејсбук