Untitled logo

Почитувани,

Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Педијатриската асоцијација на Југоисточна Европа, има чест да Ве покани на:

6-тата научна конференција ,,Ретки болести во Југоисточна Европа’’

Конференција ќе се одржи на 11 Ноември 2017 година во просториите на МАНУ.

Научната конференција е поддржана од Shire, Sanofi и Biomarin. На оваа научна конференција активно учество ќе земат истакнати предавачи од областа на ретките болести, а се очекува истата да биде посетена од лекари од најразновидни специјалности, други професионалци кои се занимаваат со ретки болести како и од претставници на организации на пациентите со ретки болести. Целта на конференцијата е нашата земја да се доближи до современите европски текови како во поглед на знаењата од оваа област така и во поглед на дијагностиката, третманот, рехабилитацијата и квалитетот на живот на лицата со ретки болести.

Програмата за конференцијата може да ја погледнете: ТУКА.

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук