Центарот за стратегиски истражувања “Ксенте Богоев” при МАНУ од 2012 година организира годишни конференции за одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата – 16 ноември на теми кои се покажаа како корисни за ширење на пораката за толеранција.

Оваа година, по осми пат во МАНУ се одржа Денот на толеранција со обележување на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето – примена и натамошни предизвици. Настанот со поздравни говори го отворија акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, акад. Владо Камбовски, Ms. Elspeth Ericson, Заменик претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија и г-дин Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика во Република Северна Македонија. Претседателот на Република Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски испрати говор со кој го поддржа настанот и ја поздрави иницијативата на МАНУ за традиционално обележување на Денот на толеранција особено со годинашната тема – остварувањето на правата на детето и неговите најдобри интереси, по што беше најавена првата работна сесија.

Работниот дел на Конференцијата продолжи со теми од областа на примената на Конвенцијата за правата на детето и натамошните предизвици. Акад. Владо Камбовски говореше за “Импактот на Конвенцијата за правата на детето врз унапредување на правата на детето”. Проф. д-р Лазар Нанев, судија и претседател на СППМД – Кавадарци зборуваше за “Процесната положба на децата жртви”. М-р Драги Целевски, државен советник како претставник на Канцеларијата на Народниот правобранител се осврна на “Искуствата на Народниот правобранител во остварување на правата на детето”. Првата сесија од работниот дел на конференцијата заврши со излагањето на проф. д-р Дејан Мицковиќ од Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, на тема: “(Не)усогласеноста на македонското законодавство со Конвенцијата на правата на детето”.

Втората сесија започна со излагање на г-ѓа Тања Кикерекова, член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и Министерството за правда, на тема: “Исполнување на договорните обврски од Конвенцијата на правата на детето” а г-дин Драги Змијанац, извршен директор на Првата детска амбасада во светот Меѓаши говореше за “Алтернативниот извештај за правата на децата”. Работниот дел заврши со излагањето на г-а Светлана Црвенковска од Здружението на млади правници која говореше за “Заштита на децата бегалци и непридружуваните деца”.

По излагањата на главните говорници и излагачите на меѓународната конференција, останатите учесници беа поканети да земат учество во дискусијата по отворените прашања што се отворија на конференцијата. На крајот, акад. Владо Камбовски ги изложи завршните видувања со што конференција беше успешно завршена.

Поканата за настанот може да ја погледнете: ТУКА

Агендата за настанот може да ја погледнете: ТУКА

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук