Untitled logo

На 22 и 23 септември 2017 година, Mакедонската академија на науки и уметности и Центарот за компјутерски науки и информатички технологии организираше дводневен настан, финансиски подржан од Европската Комисија преку проектот EURAXESS ENCIRCLE. Проектот EURAXESS ENCIRCLE има за цел подобрување на истражувачките можности во Република Македонија преку зголемен развој на меѓу секторската соработка, развивање вештини за планирање на истражувачите кариери, воспоставување мрежа за собирање и пренесување на истражувачките искуства, и подобрување на мобилноста на истражувачите.

Конференцијата, која е намената за студенти, научни работници и истражувачи од сите научни дисциплини, се фокусира на промовирање наука и истражување, меѓу секторска мобилност и мобилност воопшто, вклучувајќи научни презентации на различни теми и активности за професионален развој од истакнати научници, истражувачи, претприемачи, новатори, и други лица и групи заинтересирани за истражувања. Таа претставува платформа на отворен дијалог помеѓу истражувачите, студентите и индустријата во сите области на науката, инженерството и иновациите, и има за цел да ги поддржи истражувачите во нивните кариери и да ја поттикне индустријата да вложува во истражувања (R&D).

Резимето на секое предавање и биографскиот опис на предавачите можат да се најдат на веб страната: https://www.euraxess.mk/fyromacedonia/news/era-mobility-and-career-day

Агендата на конференцијата може да ја погледнете: ТУКА.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук