Untitled logo

На 4 април 2017 година, во 19 часот во Изложбениот салон на МАНУ, беше отворена изложба на дела од сликарот со македонско потекло и светска кариера Омер Калеши.

На присутните на изложбата се обратат акад. Таки Фити, претседател на МАНУ, потоа акад. Газанфер Бајрам, секретар на Одделението за уметност, акад. Луан Старова, потпретседател на МАНУ и Климе Коробар.

Калеши е роден во кичевското село Србица во 1932, од татко Албанец и мајка Македонка, со муслиманско потекло. Матурирал отсек електроника при средното техничко училиште во Скопје, а веќе во 1956 година емигрирал во Турција. Во 1959 година започнал со студии на Ликовната академија во Истанбул и 7 години подоцна, во 1965 година ги завршил студиите во класата на Бедри Рахми. Се преселува во Париз каде и денес живее и работи. Имал многу изложби низ Македонија и целиот свет.

Неговиот животен пат преточен во неговото врвно уметничко творештво е особен показател на човековата широчина и спојот на различни култури кои го изнедрува најдобриот творечки порив во луѓето, што воедно е одлика и на подневјето на овие наши простори.

Фотографии од настанот:

 

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук