На 19 мај 2021 година, во 12 часот, на платото пред МАНУ се одржa промоција на изданието „Прилози за историјата на Македонија и македонската култура“, проект на МАНУ остварен во соработка со Институтот за национална историја, Филозофскиот факултет, Богословскиот факултет, Институтот за македонска литература и Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. Изданието наскоро ќе биде достапно и на веб-страницата на МАНУ.

На промоцијата, промотивни обраќања имаа претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, акад. Витомир Митевски, акад. Катица Ќулавкова и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.

Ова издание има цел да понуди непристрасно читање на историските настани, документи, артефакти и околности важни за разбирање на историскиот континуитет со македонски предзнак.

Линк до промотивното обраќање на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев

Линк до промотивното обраќање на академик Витомир Митевски

Линк до промотивното обраќање проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски

Линк до промотивното обраќање на академик Катица Ќулавкова

Фотографии од настанот: