Untitled logo

Во рамките на научната соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Српската академија на науките и уметностите во тридневна посета на МАНУ престојуваше претседателот на САНУ академик Владимир Костиќ. Претседателот на МАНУ академик Таки Фити и неговите соработници имаа повеќе средби со претседателот Костиќ на кои разговараа за реализација на договорените научни проекти меѓу двете академии како и за продлабочување на трилатералната соработка – МАНУ–САНУ–БАН.

Претседателот на САНУ академик Владимир Костиќ, кои инаку е редовен професор на Медицинскиот факултет во Белград и врвен научник и истражувач во областа на дегенеративните процеси на мозочните клетки и болестите поврзани со нив, во рамките на научната и уметничката визита во куќата Уранија во Охрид одржа предавање на тема „Невродегенеративните блести како болести на протеините: алфа-синуклеинот и паркинсоновата болест“.  Предавањето беше одлично посетено и проследено со бројни прашања и дискусии поврзани со темата.

Фотографии од настанот:

Програмата може да ја погледнете: ТУКА.

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk