На 10 октомври, по повод 49 годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, се одржа свеченоста која беше отворена со излагање за достигнувањата и идните планови за работа од претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити. Во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ беше доделена и највисокото меѓународно признание на акаедмијата, медалот „Блаже Консеки“ кое во оваа прилика беше доделено на Суат Енѓулу од  Турција и Душко Новаковиќ од Србија, за посебен придонес во проучувањето и афирмацијата на македонската современа книжевност и култура на Балканот. Одбележувањето на денот на 49 годишнината на МАНУ како највисока научна установа во Република Македонија продолжи со работен дел во кој беше одржана научна конференција насловена „Состојби и перспективи во високото образование и науката“. Конференцијата се одржа во 2 панел дискусии посветени на високото образование и науката и на истражувањето и иновациите на која со свои излагања настапија академици, професори, научни истражувачи и други видни членови на академската заедница при што беа донесени заклучоци и препораки за насоките на развојот на високото образование и науката во Република Македонија.

Официјалниот говор на Претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити може да го погледнете: ТУКА.

Официјалното соопштение за научната конференција на тема: Високото образование и науката – состојби и перспективи може да го погледнете: ТУКА.

 

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ

Фејсбук