На 26 декември 2016 година, во Македонската академија на науките и уметностите, се одржа седница на Одборот за високо образование, наука и технолошки развој (SETI), на кој присуствуваа неговите членови во состав акад. Владо Камбовски – претседател на одброт, акад. Таки Фити – претседател на МАНУ, акад. Георги Старделов, универзитетските професори Илија Ацески, Петре Георгиевски, Драгор Заревски, Јордан Шишовски, д-р Љубомир Гајдов, како и претставници од истражувачките центри во МАНУ д-р Нуман Аруч, д-р Наташа Марковска, м-р Марица Антовска и м-р Марио Шаревски. Основањето на Одборот уследи паралелно со подготовките за организирањето на конференцијата „Состојби и перспективи во високото  образование и науката“ одржана на Денот на МАНУ на 10 октомври 2016, со главна цел да ги следи, истражува и проучува состојбите во високото образование, науката, технолошкиот развој и иновациите и воедно да ја остварува и една од основните задачи на Академијата – да го следи и поттикнува развојот на науките и уметностите и да се залага за нивно унапредување. На седницата се одвиваше опширна и содржајна дискусија во која беа изнесени предлози, информации и податоци од акад. Таки Фити кој ја изработи студијата: „Приоритети за развој на високото  образование и иновациите“, како и мислењата дека е неопходно преиспитување на Болоњската реформа на високото образование каде меѓу низата пропусти, особено се  истакнува фактот што подвижноста не се остварила (П. Георгиевски); неопходноста од воведување на т.н. „ израелскиот модел“ во високото образование каде на секој факултет ќе постои спој на науката и бизнисот односно ќе има директна практична примена на образовнието, како и потребната од основање на „Истражувачки центар за развој на образованието“ (Љ. Гајдов).  Расправата беше завршена со предлог – заклучоците  и препораките да се изработат во модел на дијагноза и да се стават во функција, при што треба да се започне процес на изработка на нов закон за високо образование со принципот на Open Source & Access. Со изнесувањето на опширните мислења, информации и податоци од присутните беа разгледани и надополнети со предлози Заклучоците од одржаната научна конференција „Состојби и перспективи во високото  образование и науката“ чија што функција е првично да се комплетира материјалот за зборникот од конференцијата и во вид на препораки да се достават до МОН, Владата, универзитетите  и пошироката научно-истражувачка заедница, а суштинската функција е преку заклучоците академската заедница да влијае на ослободување на општеството. Во рамки за дискусијата во однос на проширување на составот  и работата на одборот беше предложено сите одделенија на МАНУ да предожат  претставници во советот, како и да се обрати до интеруниверзитетската конференција (институти при интеруниверзитетската конференција) и МОН да предложат свои претставници, а воедно да се  поканат бизнис и НВО секторот, а исто така беше усвоен предлог  за изготвување на правилник (акт, процедурата) за работатата на Одборот.

Заклучоците може да ги погледнете: ТУКА.

Фотографии од настанот:

    

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ

Фејсбук