Македонската академија на науките и уметностите ја известува јавноста дека на 25 ноември 2019 година одржа Изборно собрание на кое беше избрано ново раководство на МАНУ, со мандат од 4 години, почнувајќи од 1 јануари 2020 година.

       За нов претседател на МАНУ е избран академик Љупчо Коцарев, за потпретседатели на МАНУ се избрани акад. Живко Попов и акад. Газанфер Бајрам, а за научен секретар на Академијата на МАНУ е избран доп. член Изет Зеќири.

       За членови на Претседателството на МАНУ се избрани:

  • акад. Катица Ќулавкова, секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука;
  • акад. Абдулменаф Беџети, секретар на Одделението за општествени науки;
  • акад. Владимир Серафимовски, секретар на Одделението за медицински науки;
  • акад. Леонид Грчев, секретар на Одделението за технички науки;
  • акад. Глигор Јовановски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки;
  • акад. Радован Павловски, секретар на Одделението за уметност; и
  • акад. Момир Поленаковиќ, избран член на Претседателството на МАНУ.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук