Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, акад. Таки Фити, на 12. 04. 2016 година, го прими амбасадорот на Словачка во Република Македонија, Н.Е. Мартин Безак, по негово барање. Амбасадорот Безак се интересираше за досегашната соработка помеѓу МАНУ и Словачката академија на науките и за можностите за нејзино понатамошно интензивирање, како и за активностите и настаните кои ќе ги организира МАНУ во рамките на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на св. Климент Охридски. Претседателот Фити го информираше амбасадорот Безек дека двете академии имаат склучено протокол за соработка, кој вообичаено предвидува заемни контакти, работа врз заеднички научно – истражувачки проекти во различни области од науките и уметностите, размена и студиски престои на научни работници меѓу двете земји и сл. Во овој контекст, претсдателот Фити информираше дека наскоро се очекува студиски престој на словачкиот професор д-р Владимир Секели во Македонија. чии научен интерес е во доменот на регионалниот развој. Акад. Фити, исто така, го информираше амбасадорот Безак дека упати покана до претседателот на Словачката академија на науките, акад. Павол Шајгалиќ да присуствува на свечената академија на МАНУ по повод 1100 години од упокојувањето на св. Климент Охридски, којашто ќе се оддржи на 9 август оваа година во Охрид. Со оглед на Моравската мисија на Св. Климент Охридски, претседателот на Словачката академија на науките е поканет како специјален гостин на МАНУ, при што ќе му биде укажана посебна чест и можност да се обрати, на словачки јазик, на Свечената академија. Претседателот на Словачката академија на науките ја прифати поканата. Амбасадорот Безак се заблагодари на приемот и информациите и нагласи дека Амбасадата е на располагање за неопходната помош за интензивирање на врските помеѓу двете академии и научните институции на Словачка и Македонија.

Фотографија од настанот:

Средба на претседатлот Таки Фити и амбасадорот на Словачка Мартин Безак

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук