Во рамки на заедничкиот проект на МАНУ и на БАН „Евроатлантски интеграции и перспективи за развој на Република Северна Македонија и Република Бугарија“ во периодот 14 – 15 ноември 2019 година, во Берово, се одржа тркалезна маса на тема: Владеење на правото, доброто управување (governance) и квалитетот на институциите. Тркалезната маса беше организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ. Тркалезната маса беше богата и конструктивна и опфати широк дијапазон на проблеми и прашања поврзани со квалитетот на управувањето и ефикасноста на институциите, владеењето на правото и борбата против корупцијата, квалитетот на регулацијата во двете земји, Република Северна Македонија и Република Бугарија. На тркалезната маса со свои излагања се обратија претставниците од работните тимови на МАНУ и на БАН. Прилозите од дискусијата МАНУ ќе ги објави во печатена форма во посебен зборник на трудови.

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук