На Меѓународниот саем на книгата 2019, што се одржа од 8 до 14 мај во ВИП арена „Борис Трајковски“ во Скопје, Македонската академија на науките и уметностите се претстави со голем дел од своите изданија.
МАНУ традиционално учествува на оваа меѓународна манифестација каде што изложуваат издавачите од Македонија и, пошироко, од регионот. И оваа година, на оваа значајна културна манифестација МАНУ се претстави со свои изданија од различни области од науките и од уметностите. На саемскиот штанд беа изложени стотина наслови: периодични изданија на одделенијата на МАНУ, изданија на центрите на МАНУ, монографии, зборници на трудови од научни конференции, уметничка литература и други изданија на членовите на МАНУ.
Здружението на издавачите и книжарите на Македонија додели награди во четири категории на конкурсот што го организира секоја година. МАНУ конкурираше со свои изданија, при што ја освои првата награда за најдобро оригинално издание од областа на литературата, науката, културата и уметноста меѓу двата саема – изданието „Алшар – светско природно наследство“ (Alchar – a world natural heritage) од авторите Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски и Иван Боев.

Фотографии:

Контакт

Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук