Секретаријатот на Македонската академија на науките и уметностите распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на 2 (две) лица на неопределено време

1. 1 (еден) референт – благајник во Секторот за финансиски прашања
Покрај општите услови за вработување:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност, и
– да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– средно образование, средно ниво на квалификации IV, 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или четиригодишно средно образование, економска насока, и
– оспособеност за работа со компјутер.
Висината на основните месечни нето примања за наведените работни места изнесува 14.876,00 денари. Платата може да биде променлива.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивaционо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите услови (уверение за државјанство и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност), како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место).

2. 1 (еден) соработник за човечки ресурси во Секторот за правни, стручно – административни и општи работи
Покрај општите услови за вработување:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност, и
– да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
– високо образование, ниво на квалификации VI A, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен Правен факултет, и
– оспособеност за работа со компјутер.
Висината на основните месечни нето примања за наведените работни места изнесува 23.607,00 денари. Платата може да биде променлива.
Заинтересираните кандидати потребно е да достават: CV (лична биографија) и мотивaционо писмо на македонски јазик, докази за исполнување на општите услови (уверение за државјанство и уверение дека на кандидатот не му е изречена казна со
правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност), како и докази за исполнување на посебните услови (диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место).

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 – 15.00 часот).
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работно место ќе се спроведе поединечно интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од ЗРО.
Пријавите со документи за исполнување на условите се доставуваат на адреса:
Македонска академија на науките и уметностите,
Бул. ,,Крсте Мисирков” бр. 2 – Скопје,
телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 5 (пет) работни дена од објавувањето на јавниот оглас, сметајќи го и денот на објавувањето заклучно со 6 декември 2019 година.
Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Некомплетни и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат.

Македонска академија
на науките и уметностите

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук