Почитувани,

Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите заедно со PricewaterhouseCoopers ја организираат 10-та по ред Конференција за енергетско планирање и моделирање на енергетските системи (Energy Planning and Modeling of Energy Systems- EPMES), која ќе се одржи на 12 и 13 декември во просториите на Македонската академија на науките и уметностите.

Главна тема на конференцијата е „енергетското планирање и моделирање за енергетска транзиција“.

За таа цел, Ве покануваме да земете активно учество на оваа Конференција испраќајќи наслов и апстракт за презентација на следниот линк https://easychair.org/cfp/10thEPMES.

Презентираните трудови ќе бидат поканети за објавување во „Прилози“ при Одделението за технички науки на МАНУ.

Најперспективниот труд на Конференцијата ќе биде поканет во списанието „Journal of Sustainable Development of Energy, Water and Environment Systems“, а доколку биде прифатен, ќе биде објавен без надомест.

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук