На 15 март 2015 година Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Францускиот институт во Скопје, оддржаа научен собир на тема: МАКЕДОНСКО-ФРАНЦУСКАТА МЕЃУАКАДЕМИСКА СОРАБОТКА ВО ДУХОТ НА НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ФРАНКОФОНИЈАТА. Модератор на средбата беше потпретседателот на МАНУ акад. Луан Старова. На средбата воведни излагања поднесоа претседателот на МАНУ акад. Таки Фити и Амбасадорот на Франција во Република Македонија, нејзината екселенција Лоренс Оер. Со свои реферати на средбрата настапија академиците Момир Поленаковиќ, Живко Попов, Влада Урошевиќ, Глигор Чемерски, како и проф. д-р Лилјана Тодорова и асистент д-рант Вера Хаџи-Пуља.
Средбата покажа дека помеѓу македонските и француските научни и културни институции е воспоставена успешна и плодна соработка – посебно во областа на медицината, економијата, литературата, поезијата, сликарството и сл.

Главните пораки од оваа научна средба беа следниве: (1) Македонија како членка на Меѓународната организација на франкофонијата ги прифаќа и споделува основните вредности на оваа проминентна организација (развој на демократијата, почитување на човековите права, превенција и менаџирање на конфликти, интнзивирање на дијалогот помеѓу културите и цивилизациите, приближување на народите преку афирмација на солидарноста, мултилатералната соработка, јакнење на економиите и промоција на образованието), кои се во духот на француската култура и цивилизација и на улогата на Франција во ЕУ – како една од земјите иницијатори за нејзино основање и пошироко, во светски размери. (2) покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството во Франкофонијата на Република Македонија се гледа како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, мултикултурниот аспект на земјата, како и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. (3) МАНУ, во чии редови како надворешни членови на Аадемијата се избрани тројца големи француски научници (Едгар Морен, Робер Бадинтер и Клод Абу), има посебен интерес да работи на воспоставување на соработка со петте француски академии и на оддржување и понатамошно збогатување на постојната соработка помеѓу француските и македонските научни институции.

Воведното излагање на акад. Таки Фити, претседател на МАНУ може да го погледнете: ТУКА .

 

Фотографии од настанот:

Контакт

Македонска академија на науките и уметностите
Бул. Крсте Мисирков, 2, П.С. 428
1000 Скопје
Телефон: ++389 (0)2 32 35 400
Факс:++389 (0)2 32 35 500
manu@manu.edu.mk
http://manu.edu.mk

50 години МАНУ–Документи

Фејсбук