Македонската академија на науките и уметностите има воспоставено соработка со поголем број академии во светот: Австриската академија на науките, Академијата за општествени науки на Австралија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Албанската академија на науките, Британската академија, Бугарската академија на науките, Друштвото на науките од Берлин „Лајбниц”, Естонската академија на науките, Европската академија на науките и уметностите, Италијанскиот национален научноистражувачки совет, Кинеската академија за општествени науки, Косовската академија на науките и уметностите, Кралската шведска академија за литература, историја и старини, Кралската фламанска академија на науките и уметностите, Кралското научно друштво од Лондон, Националната академијата на науките на Белорусија, Националната академија на науките на Украина, Унгарската академија на науките, Полската академија на науките, Полската академија на науките и уметностите, Романската академија, Руската академија на науките, Словачката академија на науките, Словенечката академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите, Турската академија на науките, Унгарската академија на науките, Хрватската академија на науките и уметностите, Црногорската академија на науките и уметностите и Чешката академијата на науките.
Склучените договори за меѓуакадемиска научна соработка содржат соработка на заеднички истражувачки проекти, учество на научни собири и уметнички приредби, студиски престои, размена на научни искуства, публикации и други информации.
Македонската академија на науките и уметностите е редовен член на Асоцијацијата на европските академии (ALLEA), Меѓународната унија на академии (UAI), Медитеранската академија, Меѓуакадемиско партнерство (IAP), Меѓуакадемискиот совет за наука (ICSU), Меѓуакадемискиот совет за Југоисточна Европа и Конференцијата на академии од дунавскиот регион.
Освен со академиите со кои е воспоставена договорна научна соработка, Македонската академија на науките и уметностите комуницира и разменува мислења и искуства по разни прашања од заеднички интерес и со други странски академии и меѓународни научни организации.

Одговорно лице за меѓународна соработка:

Гоце Алексоски

email: goce@manu.edu.mk

sorabotka