Резиме. Трудот нуди анализа на квалитетот на високото образование во Република Македонија. Преку анализа на повеќе променливи (карактеристики, квалитет и вредност на студиите, факултетот и универзитетот; ангажираност, ИКТ капацитети и достапност на професорите; задоволство од работата/студиите; стрес поттикнат од работата/студиите; посветеност на работата/студиите; ИКТ капацитети на студените; тенденции и причини на студентите да ја напуштат земјата; работа и комуникација со различни етнички заедници; аспекти на одржлив развој; социо-демографски карактеристики), се извлекоа заклучоци кои можат да помогнат во подобрувањето на системот на високо образование во државата. Методите за анализа на собраните податоци се фокусирани на дескриптивна и истражувачка анализа, со моделирање на структурни равенки. Податоци се собраа од 1150 студенти и 323 професори. Од обработените податоци до овој момент, се креираа 4 модели на структурни равенки кои ја опишуваат тенденцијата на студентите да ја напуштат државата по завршувањето на студиите, од една страна, и факторите кои влијаат на посветеноста на професорите во високото образование во Македонија, од друга. Резултатите покажуваат дека високото образование во Македонија треба да работи кон остварување на сигурна мотивација на професорите, можност за раст, подобрување на условите за работа и учење, и истакнување на квалитетот и вредностите на нашето општество и едукативен систем. Само на овој начин ќе може да се зголеми задоволството на студентите и професорите, и да се намали одливот на мозоци во корист на други земји.
++389 (0)2 32 35 400