На 3 јуни 2024 година, делегација на Црногорската академија на науките и уметностите во предводена од акад. Драган К. Вукчевиќ, претседател на покана на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов, беше во официјална  посета на МАНУ, каде што се одржаа разговори на раководствата на двете академии.
Целта на посетата беше да се сумира досегашната соработка помеѓу двете Академии и да се конкретизираат формите на научната и уметничката соработка во претстојниот период.