На 20 јуни 2018 година, во посета на Македонската академија на науките и уметностите престојуваше проф. д-р Ферид Мурад, добитник на Нобеловата награда по медицина и физиологија и член на МАНУ надвор од работниот состав.
Во МАНУ се задржа во разговор со членовите на Одделението за медицински науки на МАНУ и со вработените на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија (ИЦГИБ) „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ.
На разговорите, раководителот на ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“, проф. д-р Александар Димовски подетално информираше за работата на Центарот, за тековните научни проекти и соработката со проминентни меѓународни институции од оваа област. Во текот на престојот, нобеловецот Ферид Мурад ја посети лабораторијата на ИЦГИБ „Георги Д. Ефремов“.
Фотографија од настанот: