Македонската академија на науки и уметности има чест да ве покани на предавањето на проф. д-р Најџел Крук од Универзитетот Оксфорд Брукс, на тема MORAL MACHINES: A VIRTUE ETHICS APPROACH TO ETHICAL ROBOT BEHAVIOUR?, што ќе се одржи на 3 април (четврток) 2025 година, во 12 часот, во Амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите.

Предавањето е во организација на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ.

Модератор на настанот ќе биде проф. д-р Валентин Мирчески, дописен член на МАНУ.