По иницијатива на Природно-математичкиот факултет во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и Фондот за Иновации и Технолошки Развој (ФИТР) на Република Северна Македонија а под покровителство на МАНУ, денес во МАНУ беше отворен настанот „Денови на ЦЕРН во Северна Македонија“.
На отворањето, претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити укажа на извонредното значење на овој настан за земјата, а проф. Даниел Денегри во своето излагање зборуваше за мисијата на ЦЕРН, научните проекти и научните откритија на ЦЕРН.
Поздравното обраќање на претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити може да го погледнете: ТУКА
Поканата и програмата за настаните може да ги погледнете: ТУКА.
Апстрактите на учесниците и нивните кратки биографии може да ги погледнете: ТУКА.
Фотографии од настанот: