Повикувајќи се на Повелбата на Обединетите нации, а особено од деловите кои се однесуваат на зацврстување на „нашите верувања во темелните права на човекот, во достоинството и во вредноста на човечката личност, во рамноправноста меѓу мажот и жената како и на сите нации, големи или мали“; Тргувајќи од Универзалната декларација за човекови права, а особено Членот 3 според кој „Секој има право на живот, слобода и сигурност; Најостро осудувајќи го загрозувањето на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина;
Претседателството на Македонската академија на науки и уметности Повикува на толеранција, заеднички соживот во мир и почитување на човековото достоинство и права; Се залага за исклучување на секакво насилство и решавање на сите спорови по мирен пат; и Изразува силна морална поддршка до Украинската академија на науки и украинскиот народ.
++389 (0)2 32 35 400