Соопштение

 

На 7 октомври 2022 година, во Свечената сала на МАНУ, по повод одбележувањето 55 години од основањето на Македонската академија на науките и уметностите, пригодно обраќање имаше претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев.

На свечениот собир, претседателот на МАНУ, традиционално, го додели меѓународното признание „Блаже Конески“ за 2022 година, за посебен придонес за развојот на науката, културата и уметноста на Македонија, на годинашните добитници Павол Жиго и Каролин Снајвели.

Во рамките на одбележувањето на настанот, раководството на МАНУ положи цвеќе на Споменикот на акад. Блаже Конески пред објектот на МАНУ.

Обраќањето на акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, е прикачено тука.