Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ ја организира петтата сесија на Охридската школа на природното право под наслов „Предизвици на реформите во правниот, политичкиот и безбедносниот систем“. Таа ќе се одржи помеѓу 30ти јуни и 7ми јули 2019 година.
Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата.
Организациониот одбор ги повикува заинтересираните студенти на втор и трет циклус на правни, политички и економски студии, да се пријават на повикот и да земат учество на Охридската школа на природното право.
Сите трошоци ќе бидат покриени.
Повеќе информации за Охридската школа, начинот и роковите за аплицирање да пронајдете: ТУКА.
На истиот документ се наоѓа и апликациониот формулар.