Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, РМ, го организираат првото издание на Охридската школа на природното право, под наслов: Демократија и владеење на правото.
Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.