Во периодот од 1-2 ноември беше одржана научната конференција „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“ со учениците: акад. Георги Старделов, акад. Глигор Каневче, акад. Владо Камбовски, Трајче Стафилов Татјана Миткова, Драган Ѓорѓев, Иван Блинков, Даме Димитровски, Миле Димитровски, Снежана Милковска, Магдалена Трајковска, Дивна Пенчиќ, Блажо Боев, Дејан Мираковски, Мартина Спасовска, Анета Стефановска, Павлина Здравева, Јасмина Белчовска Тасевска, Александра Дединец, Наташа Бакреска, Кармина Митева, Александар Дединец, Кирил Сотировски, Стеван Ќосевски, Митко Јанчев, Татјана Миткова, Силвана Манасиевска-Симиќ, Марјан Андреевски, А. Николовска, Биљана Коруноска, Кристина Петровска, Тодор Ановски, Светислав Крстиќ, Џоко Кунгуловски, Кирил Лисичков, Стефанка Хаџи Пецова, Јана Белчева Андреевска, Мартина Блинкова Дончевска, Емилија Софеска, Michał Kwiatkowski, Лазар Поп Иванов, Марина Малиш Саздовска.
Конференцијата се одвиваше во 7 сесии и тоа:
- СЕСИЈА 1: АЕРОЗАГАДУВАЊЕ, (претседавач: Владо Матевски)
- СЕСИЈА 2 ЕНЕРГЕТИКА/ГРЕЕЊЕ (претседавач: Глигор Каневче)
- СЕСИЈА 3: СООБРАЌАЈ (претседавач: Даме Димитровски)
- СЕСИЈА 4: ИНДУСТРИЈА/ПОЧВИ/ХРАНА (претседавач: Драган Ѓорѓев)
- СЕСИЈА 5: ВОДИ (претседавач: Трајче Стафилов)
- СЕСИЈА 6: УРБАНИЗАМ/ШУМАРСТВО/ОЗЕЛЕНУВАЊЕ (претседавач: Татјана Миткова)
- СЕСИЈА 7: ОПШТИ АПСЕКТИ НА УРБАНОТО ЗАГАДУВАЊЕ (претседавач: Миле Димитровски).
Конференцијата се одвиваше во пријатна, мултидисциплинарна работна атмосфера на која се изнесоа различни препораки т.е. решенија за проблемите во врска со загадувањето на животна средина.
Конференцијата се затвори со завршна дискусија на која се произнесе ставот дека сите учесници по завршувањето на конференцијата најдоцна до петок 09. 11. 2018 година, да издвојат по 3 (но може и повеќе, доколку мислат дека е потребно) препораки т.е. мерки кои ќе придонесат во намалувањето на загадувањето и во подобрувањето на квалитетот на животната средина во урбаните подрачја во Република Македонија.
По доставувањето на овие препораки и комплетирање на препораките во еден документ, тој подоцна ќе биде испратен до Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заклучоците, мерките и препораките од конференцијата „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“ може да ги погледнете: ТУКА.