Во рамките на Месечните лингвистички средби COLLOQUIA LINGUISTICA кои се одржуваат во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при Македонската академија на науките и уметностите, на 01.12.2017 година, проф. д-р Лилјана Митковска (ФОН Универзитет, Скопје) и проф. д-р Елени Бужаровска (Филолошки факултет, Скопје), одржаа предавање на тема: „ДА-КОНСТРУКЦИИТЕ ВО КОМПЛЕТИВНА ФУНКЦИЈА“.
Фотографии од настанот: