На 14 ноември 2018 година во Македонската академија на науките и уметностите проф. д-р Блажо Боев одржа пристапно предавање на тема: „АЛШАР – НОВИ ФОРМИ НА ЖИВОТ“, по повод неговиот избор за дописен член на МАНУ. Свечениот собир го отвори акад. Дончо Димовски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки на МАНУ, а за научната активност на проф. д-р Блажо Боев говореше акад. Глигор Јовановски.
Во вториот дел од настанот се одржа промоција на монографијата АЛШАР – светско природно наследство (ALCHAR – a world natural heritage) од авторите Глигор Јовановски, Блажо Боев, Трајче Стафилов, Петре Макрески, Владо Матевски и Иван Боев. Пригодна реч имаше акад. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, а промотори на монографијата беа акад. Владимир Берманец и проф. д-р Доне Гершановски. На самиот крај свое обраќање имаше акад. Глигор Јовановски.
Поканата и програмата за пристапното предавање и за промоцијата може да ги погледнете: ТУКА.
Фотографии од настанот: