Почитувани,
Во рамки на научно-истражувачкиот проект „Димитрија Чуповски (1878−1940) и
‘Македонското научно-литературно другарство во Петроград’ (1902−1917)“ на
Одделението за лингвистика и литературна наука на МАНУ (2020−2022), на 28 октомври
2022 година ќе се одржи третата, завршна научна конференција.
Предвидени се две одделни сесии со петнаесет реферати на седумнаесет учесници —
членови на МАНУ, универзитетски професори и научни работници од Институтот за
историја и Институтот за македонски јазик. Предмет на истражување на излагањата се
гледиштата на членовите на МНЛД — С.−Петербург (1902−1917) во врска со
македонскиот јазик, литература, култура, историја и народ, во балкански и европски
контекст.
Програмата и Книгата на апстракти се дадени во прилог на оваа покана, во посебни
фајлови.
Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.
Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на овој значаен собир кој ќе се одвива во
малите сали на МАНУ, од 10 до 15 часот (пауза во 12 ч.).
Со почит,
Одделение за лингвистика и литературна наука
Секретар,
aкад. Катица Ќулавкова

Покана             Програма            Книга на апстракти