Во рамки на месечните лингвистички средби COLLOQUIA LINGUISTICA кои се одржуваат во организација на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при Македонската академија на науките и уметностите, на 26 јануари со почеток во 12 часот проф. д-р Јулијан Ренч одржа предавање на тема CLAUSAL COMPLEMENTATION IN BALKAN TURKISH BETWEEN HERITAGE, LANGUAGE CONTACT AND LINGUISTIC UNIVERSALS. Проф. д-р Јулијан Ренч е истакнат лингвист-турколог кој предава јазична туркологија, турска граматика, турска литература, отомански турски, разни турски јазици (ујгурски, узбекистански, казахстански, чагатајски, старотурски) на Универзитетот во Мајнц, Германија, а полиња на истражување му се компаративна лингвистичка туркологија, типологија, историска лингвистика, семантика, морфологија, синтакса, балкански турски, Енисејски натписи, турска литература. Во своето предавање пред присутните лингвисти и филолози тој ги претстави своите лингвистички истражувања на турскиот јазик кој се говори на Балканот, меѓу кои значаен истражувачки материјал е собран од Македонија.
Фотографии од настанот: