На 15 јануари 2018 година, Универзитетот „Евро-Балкан“ и Филозофското друштво на Македонија во соработка со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) огранизираа предавање на проф. д-р Џулијано ди Бернардо (Guiliano Di Bernardo) од Универзитетот Тренто (Италија) на тема: „Етичката криза на човештвото и на цивилизациите“.
Професорот Џулијано ди Бернардо (1939) е познат италијански филозоф, социолог и општествен активист. Во академска смисла има значајни придонеси во областа на истражувањата на деонтичката логика и методологијата на социјалните науки. Најпознати дела: „Вовед во логиката на нормативните системи“ (1972), „Истражувања на социјалниот свет“ (1979), „Филозофија на масонството“ (1987), „Човечкото знаење. Од физика до социологија и религија“ (2010).
Фотографии од настанот: