На 19 мај 2017 година Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при Македонската академија на науките и уметностите организираше предавање на тема: „Optimization of cooling of human hearts“ од проф. Џорџ С. Дуликравиќ.
Професор Џорџ С. Дуликравиќ, има разновидна образовна позадина во механичкото и аеровселенското инженерство и применетата математика вклучувајќи приватно (докторат на Универзитетот Корнел во 1979), јавно (магистратура на Универзитетот во Минесота 1975) и меѓународно (дипломиран инженер во Белград 1973) образование, три години визитинг научноистражувачко и наставно-предавачко искуство во домашни (НАСА) и меѓународни (DFVLR), триесет и три години наставно-предавачко и истражувачко искуство на четири универзитети (Универзитетот на Тексас во Остин, Државниот Универзитет на Пенсилванија, Универзитетот на Тексас во Арлингтон, Меѓународниот универзитет во Флорида), како и шестгодишно менаџерско искуство како раководител на Одделот за Механичко Инженерство и Материјали на Меѓународниот универзитет на Флорида (FIU) во Мајами. На Унивезритетот на Тексас во Арлингтон, тој го основал Инситутот за мултидисциплинарна анализа, инверзен дизајн, робустна оптимизација и контрола (MAIDROC). На Меѓунардониот универзитет на Флорида тој ја основал Лабораторијата за мултидисциплинарна анализа, инверзен дизајн, робустна оптимизација и контрола (MAIDROC).
Фотографии од настанот: