Во рамките на билатералната научна соработка помеѓу Македонската академија на науките и уметностите и Српската академија на науките и уметностите, на 17 септември 2019 година, во САНУ во Белград, се одржа промоција на резултатите од заедничкот научно-истражувачки проект поместени во двојазичниот зборник (на македонски и на српски јазик) „Јазикот како запис на културата во етнолошката и лингвистичка анализа на релација Србија-Македонија“. Во Зборникот се претставени резултатите од работата на македонските и српските етнолози и лингвисти кои учествуваат во реализацијата на проектот. На промоцијата свои пригодни обраќања имаа претседателите на двете академии, акад. Владимир С. Костиќ и акад. Таки Фити, а промотивни говори одржаа раководителите на проектот, акад. Предраг Пипер (САНУ) и дописниот член Марјан Марковиќ (МАНУ), како и проф. д-р Рајна Драгичевиќ од Филолошкиот факултет во Белград.
++389 (0)2 32 35 400